back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаНови директор...

Нови директори на Управата за финансиска полиција и ДЗС

Владата на седница одлучи, на позицијата в.д директор на Управата за финансиска полиција да се именува Слободан Ивановски.

Ивановски е магистер по правни науки со положен правосуден испит. Има долгогодишно работно искуство во Управата за јавни приходи, а во моментот е претседател за Комисија за прекршоци на УЈП – Регионална дирекција Прилеп.

Џеват Селами, е именуван за вршител на должноста директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

Селами е дипломиран правник, членувал во повеќе работни група, бил професор во СУГС „Арсени Јовков“, а од 2013 до 2020 година бил раководител на одделение за управување со човечки ресурси, а во моментот е раководител на сектор во Дирекцијата за заштита и спасување.

Владата го разгледа Предлогот на Комисијата за разгледување на пријави од кандидати по објавениот Јавен оглас бр.07/2024 за именување на 1 (еден) член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги на управување со комунален отпад на Република Северна Македонија и согласно член 18 од Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.96/2019, 236/2022, 134/2024 и 147/2024), заклучи да му предложи на Собранието за член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги на управување со комунален отпад да ја именува Елена Маркова Велинова.

The post Нови директори на Управата за финансиска полиција и ДЗС appeared first on еМагазин.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари