Нова фонтана го краси мини плоштадот во селото Драчево за уживање на сите посетители. Од Општина Кисела Вода потенцираат дека за уште подобар изглед, просторот ќе биде оплеменет со додавање на нови содржини.
-Со оглед на тоа што чести посетители тука се најмладите, ќе биде реконструирано детското игралиште, а целиот простор ќе биде надополнет со нови клупи и корпи за отпадоци, со што се надевам дека овој мини плоштад ќе привлече уште повеќе посетители – истакна градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.