дома ЕКОНОМИЈА НОВА ГРАДИНКА...

НОВА ГРАДИНКА ВО КИСЕЛА ВОДА: Изградбата ќе почне денеска, капацитетот е 120 деца, со што ќе нема веќе листи на чекање

НОВА ГРАДИНКА ВО КИСЕЛА ВОДА: Изградбата ќе почне денеска, капацитетот е 120 деца, со што ќе нема веќе листи на чекање

Во Општина Кисела Вода денеска ќе биде поставен камен темелник за изградба на детска градинка во рамки на постојната ЈДГ „8 Март“. Градинката ќе има капацитет за згрижување на 120 дечиња. Со ова целосно се решава проблемот со листите за чекање во детските градинки во оваа општина.

Вкупната површина на детската градинка е 795 метри квадратни,а објектот опфаќа шест занимални од кои две се јасли. Проектот е во вредност од 29.582.242 без ДДВ, или 34.907.046 со вклучен ДДВ.

На поставувањето на камен темелникот на новата градинка предвидено е да присуствува и претседателот на Владата Христијан Мицкоски, кој ќе даде и изјава за медиумите.

ФОТО: МИА Архива 

Exit mobile version