Нина Бадриќ го фалеше Берош и се сликаа на Хвар, откако го уапсија хрватскиот министер, на нејзиниот профил ги нема фотографиите

Утрово беше уапсен хрватскиот министер за здравство, Вили Берош, а потоа премиерот Андреј Пленковиќ го разреши од функцијата.

Берош уживаше посебно внимание на хрватската јавност за време на пандемијата на коронавирус, кога беше меѓу четворицата членови на тогашниот хрватски Национален штаб за цивилна заштита. Многу брзо стана „херој на нацијата“. Берош го фалеше и Нина Бадриќ.

Пејачката објави фотографија со него направена на Хвар во 2020 година. Потоа позираше со Берош и неговата сопруга.

Фотографијата моментално не е достапна на профилот на Инстаграм на пејачката.

Текстот Нина Бадриќ го фалеше Берош и се сликаа на Хвар, откако го уапсија хрватскиот министер, на нејзиниот профил ги нема фотографиите е превземен од МАКФАКС.

Exit mobile version