дома МАКЕДОНИЈА Николоски го ...

Николоски го повика ЈО да си ја заврши работата по предметите поврзани со Рамиз Мерко

Николоски го повика ЈО да си ја заврши работата по предметите поврзани со Рамиз Мерко

Министерот за транспорт и врски Александар Николовски го повика Јавното обвинителство да си ја заврши работата, да постапи по сите предмети поврзани со актуелниот градоначалник на општина Струга, Рамиз Мерко, како и со други функционери, за кои, како што вели, самиот тој испратил релевантни наоди.

Против Мерко во моментов се активни осум предмети. На дел од нив веќе им се суди во Основниот суд во Струга.

„До кога ќе се толерира градоначалникот на Струга? Со години плажите работат диво и без договор за концесија? Тоа е одлично прашање за Обвинителството. Го повикувам Јавното обвинителство да постапи. Досега како министер сум испратил повеќе од 15 предмети до Јавното обвинителство. Се надевам дека им треба време да ги средат. За разни функционери од најниско до највисоко ниво. Во Струга има активни истраги и треба да ги спроведе Јавното обвинителство и се надевам дека тие што ќе направат прекршоци ќе одат на суд и ќе бидат казнети“, изјави Николоски.

Мерко на 28 ноември ќе се појави пред суд за незаконското именување на директори во основните училишта. Како сведок мора да се појави поранешниот министер за образование Јетон Шаќири.За Мерко активен е и судскиот процес, за набавката на луксузниот автомобил, во времето кога општината имаше блокирана сметка.

Exit mobile version