back to top
1.8 C
Skopje
01.02.2025
Google search engine
домаМАКЕДОНИЈАНе излегувајт...

Не излегувајте без чадор и облечете потопла облека

Времето денеска ќе биде облачно, свежо и врнежливо. Наместа врнежите ќе имаат пообилен карактер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), а на планините со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од северен правец.

Температурата ќе се движи од нула до 11 степени.

Во Скопје претежно облачно од преку ноќта и потоа преку денот со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Температурата ќе се движи од 4 до 10 степени.

Во петок и до сабата наутро ќе има врнежи од дожд кои на планините и на некои повисоки места особено во западните делови од земјата ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено изразен во петок. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури.

The post Не излегувајте без чадор и облечете потопла облека appeared first on Локално.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари