Едно лице е повредено кога паднало од покривот на зграда на градилиште во Белград, јавува РТС.
Несреќата се случила во 8.40 часот на градилиштето.
Лицето паднало во дупка на покривот на таванот.
На терен биле 14 пожарникари спасувачи, кои околу 9.30 часот успеале безбедно да го спуштат повредениот, јавува РТС.
Екипата на итната помош го згрижила повредениот во свесна состојба.
Текстот Несреќа на градилиште во Белград: едно лице пропаднало во дупка на покривот е превземен од МАКФАКС.