дома СВЕТ Несекојдневна...

Несекојдневна кражба во Франција: Украдени се 15 компјутери со податоци од нуклеарни централи

Несекојдневна кражба во Франција: Украдени се 15 компјутери со податоци од нуклеарни централи

Во Марсеј се украдени петнаесет компјутери кои содржеле конвенционални податоци од нуклеарни централи од просториите на компанијата „Ендел“, специјализирана за индустриско одржување на делови кои се користат во нуклеарните централи во Франција, објави денеска Фигаро.

Компјутерите биле украдени викендов без упад, а кражбата дури во понеделник наутро ја забележале вработените во „Ендел“.

Француската компанија за електрична енергија (ЕДФ) по спроведената истрага за Фигаро објави дека во украдените компјутери нема чувствителни податоци.

Сепак, полициски извор за Фигаро изјави дека компјутерите содржеле чувствителни податоци за француските нуклеарни локации.

Обвинителството во Марсеј соопшти дека веднаш била отворена истрага за кражбата.

Текстот Несекојдневна кражба во Франција: Украдени се 15 компјутери со податоци од нуклеарни централи е превземен од А1он.

Exit mobile version