дома СПОРТ Ненад Димитри...

Ненад Димитријевиќ постигна 43 поени во Литванија, но Македонија загуби со 22 разлика

Ненад Димитријевиќ постигна 43 поени во Литванија, но Македонија загуби со 22 разлика

Машката сениорска репрезентација на Македонија одигра солиден меч на гостувањето во Клаипеда против Литванија, но недоволно за да стигне до изненадувањето – пораз од 94-72.

Маестралната игра на Ненад Димитријевиќ со 43 поени беше енигма за домаќините, но за успех требаше многу поголем ангажман на неговите соиграчи.

Водевме на полувремето со 46-43, беше изедначено и на почетокот од последниот период. Но, се повреди Димитријевиќ, Литванците го искористија тоа и дојдоа до победа од дури 22 разлика, беше 94-72 за нив.

Сепак немавме ниту еден друг кошаркар со двоцифрен број на поени, Крстевски, Маслинко и Стајиќ постигнаа по шест.

За Македонија шансите не се загубени благодарение на Полска која со 88-86 ја совлада Естонија. По четири одиграни кола во групата „Х“, Македонија сега е на скор (1-3), па во февруари, наредната година, следува разврската за пласман на Европско првенство 2025 година.

Во последните два меча од квалификациите мора Македонија да ги победи Полска и Естонија, со Естонците ќе мора и кош разликата да биде подобра, ја совладаа нашата селекција во Скопје со 5 поени разлика.

Текстот Ненад Димитријевиќ постигна 43 поени во Литванија, но Македонија загуби со 22 разлика е превземен од А1он.

Exit mobile version