дома СПОРТ Ненад Димитри...

Ненад Димитријевиќ мора самиот себеси да си помогне

Ненад Димитријевиќ мора самиот себеси да си помогне

Екипата на Армани Милано, за која настапува македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ, е на дното на табелата во Евролигата со само една победа по пет одиграни натпревари.

Италијанскиот тим пред неколку дена претрпе пораз на домашен терен од екипата на Анадолу Ефес, а еден од главните виновници, барем според тренерот на „манекените“ – Еторе Месина, е токму нашиот интернационалец, кој мечот го заврши без ниту еден поен, со само една асистенција за 13 минути минати на терен.

  • Тој има проблеми на сите позиции. И офанзивно и дефанзивно. Тој е во голем проблем бидејќи ова е повисоко ниво, мојата работа, но и работата на тимот е да му помогнеме. Неговата работа е да нема изговори во неговата глава, мора да направи чекор напред, истакна Месина, па додаде:
  • Постои прашање на сила и конкурентност на двете страни на теренот. Мислам дека шутираше четири слободни фрлања на пет натпревари во Евролигата. Во лигата е поинаку, а ние мораме да му помогнеме. И тој ќе мора сам да си помогне, додаде трофејниот кошаркарски стручњак.

Инаку, Димитријевиќ во досегашниот дел од сезоната бележи во просек по нешто повеќе од седум поени по натпревар, како и по пет скокови и исто толку асистенции во рамки на Евролигата. Но, она што најмногу загрижува е тоа што на последниот меч како воопшто да не беше присутен, каде успеа да оствари само една асистенција за 13 минути на терен.

Exit mobile version