Нема промена на цените на горивата

Нема промена на цените на горивата

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,06 % во однос на одлуката од 11.11.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,720%, кај дизелот за 2,295%, кај екстра лесното масло за 2,704% и кај мазутот намалувањето е за 2,622%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,8115%.

Од 19.11.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) 70,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 43,708 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,136 ден/кг и сега ќе изнесува 43,708 ден/кг, извести РКЕ.

Exit mobile version