„Нема повеќе евтина храна на државна сметка“ – 50 отсто зголемени цените во владините објекти

    „Нема повеќе евтина храна на државна сметка“ – 50 отсто зголемени цените во владините објекти

    Зголемување на цените на угостителските услуги во владините објекти за педесет отсто најави директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски.

    Тој рече дека нема повеќе евтина јадење на државна сметка, со оглед на тоа што цените во собранискиот и владиниот ресторан беа значително поевтини од оние што им се достапни на граѓаните.

    „Излегувајќи во пресрет на овие оправдани повеќегодишни забелешки, како и во функција на натамошно рационализирање, на мој предлог како директор на СОЗР, Владата вчера едногласно усвои првична одлука за зголемување на цените на угостителските услуги за 50 отсто. Ваквото зголемување на цените не е прекумерно имајќи предвид дека претходно цените беа значително пониски во споредба со приватниот пазар“, рече Томовски.

    Директорот најави дека дополнително ќе бидат направени анализи и секогаш кога ќе се јави потреба поради отстапувања од пазарните цени, ќе има корекции.

    Според него, важно е да се обезбеди еднаков пристап на сите услуги, но без привилегии за избраните функционери и раководниот кадар.

    Во јавноста темата се разгоре пред две години кога на социјалните мрежи се појави фотографија од менито во Владата, каде што се нудеа неверојатно ниски цени за храна, а растеа цените во маркетите и рестораните. Според менито објавено тогаш, сланина на скара ги чинела вработените во Владата 85 денари, бифтек 180, стек 100, свинско со праз 170, тиквици 120, телешко 160, а тавче-гравче 45 денари.

    Текстот „Нема повеќе евтина храна на државна сметка“ – 50 отсто зголемени цените во владините објекти е превземен од МАКФАКС.

    Exit mobile version