дома МАКЕДОНИЈА Нема веќе баг...

Нема веќе багатела цени во владината менза, новиот директор на СОЗР ги покачи цените

Нема веќе багатела цени во владината менза, новиот директор на СОЗР ги покачи цените

Зголемување на цените на угостителските услуги во Владините објекти, нема повеќе „багатела” јадење на државна сметка!, соопшти денеска директорот на СОЗР Ивица Томовски.

Во изминатиот период, јавноста често со право обрнуваше внимание на ниските и непазарни цени по кои се користеа угостителските услуги на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата. Во таквите дебати особено беше апострофиран собранискиот и владиниот ресторан, каде цените на услугите и производите беа значително пониски од оние на слободниот пазар достапни за граѓаните. Излегувајќи во пресрет на овие оправдани повеќегодишни забелешки, како и во функција на натамошно рационализирање, на мој предлог како директор на СОЗР, Владата вчера едногласно усвои првична одлука за зголемување на цените на угостителските услуги за 50%. Ваквото зголемување на цените не е прекумерно имајќи предвид дека претходно цените беа значително пониски во споредба со приватниот пазар. Во периодот што следува, ќе се прават дополнителни анализи и секогаш кога ќе се јави потреба поради отстапувања од пазарните цени, ќе има корекции на истите. Важно е да се обезбеди еднаков пристап на сите услуги, но без привилегии за избраните функционери и раководниот кадар, порача Томовски.

The post Нема веќе багатела цени во владината менза, новиот директор на СОЗР ги покачи цените appeared first on Република.

Exit mobile version