Некој ја пали депонијата во Охрид, ноќеска пак пожарникарите гаснеа оган на терен

    Некој ја пали депонијата во Охрид, ноќеска пак пожарникарите гаснеа оган на терен

    Екипи на Територијалната противпожарна служба од Охрид ноќеска повторно беа излезени на терен и гасеа пожар на депонијата Мауцкер, што се наоѓа на самиот влез во градот.

    Пожарот се уште не е целосно изгаснат, а над депонијата се уште може да се забележи чад.

    Слична интервенција пожарникарите од Охрид имаа и пред десетина дена, кога исто така гореше отпад на депонијата.

    Како што посочуваат од ТТПЕ Охрид, причина за избувнувањето на пожарот е човечки фактор, а гаснењето тешко се одвива оттаму што се работи за опожарен материјал што мошне тешко се гаси со вода, односно потребна е интервенција со механизација за затрупување на опожарените делови од ѓубрето.

    Текстот Некој ја пали депонијата во Охрид, ноќеска пак пожарникарите гаснеа оган на терен е превземен од МАКФАКС.

    Exit mobile version