back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine

Недозволив инцидент: Лекар предизвикал смрт на 15-годишно момче додека оперирал следејќи видео инструкции од Јутуб

Индиските медиуми тврдат дека лекар кој извршил операција на жолчното кесе во индиската држава Бихар служејќи се видео што го гледал на Јутјуб предизвикал смрт на 15-годишно момче.

Според „НДТВ“, инцидентот го соопштило семејството на момчето кое починало по операцијата.

Семејството тврдеше дека детето, кое било хоспитализирано со симптоми на повраќање и болки во стомакот, било оперирано од лекар со помош на видео што го гледал на Јутјуб.

Семејството истакнува дека срцето на момчето застанало за време на операцијата и дека починало додека со возило на Брза помош бил на пат кон друга болница.

Членовите на семејството на детето тврдат дека смртта на нивното дете ја предизвикал „лажен лекар“ кој, како што велат, побегнал и го оставил детето во болница.

Индиските власти најавија дека истрагата за случајот е во тек.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари