back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСПОРТНа Манчестер ...

На Манчестер Сити ниту три гола предност не му беа доволни за победа

Англискиот првак Манчестер Сити ја продлабочува кризата. Популарните граѓани ниту шести натпревар во низа не успеваат да забележат победа.

Вечерва во натпревар од 5.коло на Лигата на шампионите, Манчестер Сити пред своите симпатизери одигра нерешено со Феенорд 3-3.

На популарните „граѓани“ не им беа доволни ниту три гола предност да стигнат до триумф.

Манчестер водеше со 3-0. Два гола постигна Халанд (44 и 53), а во листата на стрелци се запиша и Гундоган (50).

Сепак гостите не се предадоа. Хаџи Муса во 75-тата намали на 3-1, а Гименез во 82-та на 3-2. Големиот шок за фудбалерите и навивачите на Сити дојде во последната минута. Словакот, Давид Ханко погоди за израмнување и конечни 3-3.

Манчестер Сити остана во долниот дел од табелата на 15.место со 8 бодови, еден повеќе од Феенорд кој е дури 20-ти.

The post На Манчестер Сити ниту три гола предност не му беа доволни за победа appeared first on .

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари