Најмалку 388 луѓе починале од колера во Судан во последните два месеца

    Најмалку 388 луѓе починале од колера во Судан во последните два месеца

    Шест лица починаа од колера во Судан во текот на викендот, со што бројот на загинати од оваа болест се искачи на најмалку 388 во изминатите два месеца, соопштија здравствените власти.

    Суданското Министерство за здравство соопшти дека во последните два месеца од колера во Судан се разболеле околу 13.000 луѓе, а во текот на викендот имало 400 нови случаи.

    Во соопштението се вели дека колерата се шири во областите погодени од неодамнешните поплави, особено во источен Судан, каде што се засолниле милиони луѓе раселени поради војната.

    Текстот Најмалку 388 луѓе починале од колера во Судан во последните два месеца е превземен од МАКФАКС.

    Exit mobile version