Најмалку четири лица се хоспитализирани по пожар во станбениот дел на Хаг, во близина на станицата Холандс Спор, каде што живеат бројни студенти, пренесе НЛ тајмс.
Како што пренесе портпалролот на регионот Хагланден, четирите повредени лица се наголатале чад.
Пожарот избил на осмиот кат на станбена зграда во Ван Маненкаде, околу 13 часот и триесет минути, а осмиот и деветтиот кат се евакуирани, како и соседниот блок.
Непосредно по добивањето на повикот, пожарникарите оцениле дека станува збор за голем пожар, поради што на терен се испратени голем број пожарникари и возила, како и амбулантни возила.
Околу 14 часо ти 45 минути, спасувачките служби соопштија дека пожарот е под контрола.