дома МАКЕДОНИЈА Најдени грана...

Најдени гранати при ископ на канал пред Основен Суд Гостивар

Најдени гранати при ископ на канал пред Основен Суд Гостивар

Пет експлозивни тела од непознато потекло се откриени при изведување на градежни работи во близина на Основен суд Гостивар.

Очеведци потврдија дека утрово околу 9 часот, при копање на канал за одводување на улицата „Живко Брајковски“ спроти судската зграда, машина за ископ на земја на длабина од половина метар извлекла метални тела, за кои се претпоставува дека се боеви гранати. Во моментов полициски службеници го обезбедуваат местото и се очекува увид.

Неофицијално, се работи за артилерски гранати кои најверојатно потекнуваат од времето на Втората светска војна.

Текстот Најдени гранати при ископ на канал пред Основен Суд Гостивар е превземен од А1он.

Exit mobile version