back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСПОРТНадал тренира...

Надал тренира, но неговото учество на олимпискиот тениски турнир останува неизвесно

22-кратниот Гренд слем шампион, Рафаел Надал излезе на терените во комплексот на Ролан Гарос и учествуваше на тренинг сесија во петокот заедно со соиграчите од Шпанија, Карлос Алкараз, Пабло Карено-Буста и Марсел Гранојерс.

Надал (38) треба да игра во сингл и во двојки на Олимписките игри во Париз, но во четвртокот се појавија извештаи дека тој можеби нема да успее. Неговиот тренер Карлос Моја изјави за новинарите дека 14-кратниот шампион на Отвореното првенство на Франција има болки во бутот и затоа одлучил да одмори.

На денешната сесија под затворениот покрив на „Филип Шатрие“, Надал се појави во завој и одработи целосен тренинг.

Во сингл, Шпанецот треба да игра во првото коло на турнирот со Унгарецот Мартон Фучовиќ, а доколку победи во второто коло може да се соочи со својот голем ривал и број 1 во шемата, Србинот Новак Ѓоковиќ.

Во двојки Надал ќе биде партнер со шампионот на „Ралон Гарос“ и „Вимблдон“ Карлос Алкараз. Во првото коло двајцата ќе играат со Аргентинците Максимо Гонзалес и Андрес Молтени. Според програмата, мечот со Гонзалес и Молтени треба да се одигра во сабота, а најверојатно во недела Надал ќе треба да игра со Фучовиќ.

Рафаел Надал е олимписки шампион во сингл од Игрите во Пекинг во 2008 година и олимписки шампион во двојки од Игрите во Рио де Жанеиро во 2016 година заедно со Марк Лопез.

The post Надал тренира, но неговото учество на олимпискиот тениски турнир останува неизвесно appeared first on Локално.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари