Наградата од 200.000 евра од Владата на Србија, Ѓоковиќ ќе ја даде во хуманитарни цели

    Наградата од 200.000 евра од Владата на Србија, Ѓоковиќ ќе ја даде во хуманитарни цели

    Наградата од 200.000 евра од Владата на Србија, најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, ќе ја даде во хуманитарни цели.

    Оваа награда, на Ѓоковиќ му следува откако за својата држава освои злато на Олимписките игри во Париз.

    Овој медал, беше долгогодишен сон на тенисерот кој испиша историја, бидејќи не остана нешто што тој не освои во неговата импресивна спортска кариера.

    Не е дека прв пат ќе донира, имајќи предвид дека долги години има Фондација која работи за хуманитарни цели.

    ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

    (Видео) Ѓоковиќ освои и олимписко злато и испиша историја

    Фото: Принтскрин

    The post Наградата од 200.000 евра од Владата на Србија, Ѓоковиќ ќе ја даде во хуманитарни цели appeared first on еМагазин.

    Exit mobile version