дома ЕКОНОМИЈА Наводни „фина...

Наводни „финансиски советници“ за криптовалути, вршат измами за собирање податоци за сметки на граѓани

Наводни „финансиски советници“ за криптовалути, вршат измами за собирање податоци за сметки на граѓани

Согласно предупредувањата на МВР, забележани се измами на наводни „финансиски советници“ кои на социјалните мрежи или преку телефонски јавувања, нудат услуги за тргување со криптовалути, насочувајќи ги клиентите да инсталираат извесен софтвер и да прават трансфер на средства кон сметки кои измамникот ги посочува, предупредува НЛБ банка до нивните клиенти.

„Ве потсетуваме не инсталирајте непознат софтвер на уреди кои ги користите за пристап до електронско и мобилно банкарство. Не правете пренос на средства на сметки кои не ви се познати и за кои не знаете кому му припаѓаат.

Никогаш не ги споделувајте податоците од вашата сметка, ниту вашите лични податоци, дури и ако лицето се претставува во име на Банката. Секој сомнеж пријавете го на телефон 02/15600. Бидете исклучително внимателни и заштитете ги вашите лични податоци и финансиски средства,“ се вели во предупредувањето на Банката.

 

The post Наводни „финансиски советници“ за криптовалути, вршат измами за собирање податоци за сметки на граѓани appeared first on еМагазин.

Exit mobile version