back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСПОРТМората уште н...

Мората уште на стартот мора да паузира поради повреда

Своето деби во Милан, Алваро Мората го одбележа со гол во саботното реми со Торино (2:2), а како што беше потврдено во вторникот, ќе отсуствува неколку недели поради повредата со која се здоби пред тој натпревар.

Поведе Торино со 2:0, а враќањето на својот тим го најави Мората со гол во 89. минута. Окафор им донесе бод на „росонерите“ во петтата минута од судиското надополнување на овој меч кој изгледаше загубен.

Како што пишува Џанлука ди Марцио, Мората се очекува да биде надвор од терените најмалку три недели, можеби и повеќе.

Станува збор за обновена мускулна повреда.

Според Ди Марцио, Мората се повредил во петокот и затоа не стартувал, туку влегол во игра на средината на вториот дел.

Извесно е дека Мората ќе ги пропушти дуелите со Парма и Лацио, а дали ќе мора да отсуствува подолго од тоа, останува да видиме.

The post Мората уште на стартот мора да паузира поради повреда appeared first on Локално.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари