Премиерот Христијан Мицкоски е согласен да биде донесен нов кривичен законик, кој ќе биде изработен според европските стандарди. Ова беше истакнато откога претходно денес, лидерот на социјалдемократите, Венко Филипче, побара од Владата да донесе нов кривичен законик и призна дека згрешиле кога со претходниот владин состав донесоа законик што значително ги скрати казните за злоупотреба на службената положба и придонесе застарување на делата на обвинетите корумпирани функционери.
Мицкоски во таа насока го праша Филипче што ќе се случува со оние дела кои застареа и за кои граѓаните плаќаат отштета. Рече дека станува збор за милиони евра народни пари. До поранешните функционери од СДСМ предложи да извадат пари од џебот и да продадат дел од својот имот и да го вратат во буџетот.
„Студент на прва година на Правен факултет знае дека секое лице кое што ќе биде процесуирано ќе го користи оној закон кој што во времето на сторување на делото е апликативен. И сега си донесоа закон за да ги амнестираат своите криминалии и на оние политичари кои што од минатото им беа потребни за да им застарат дел од делата и сега ќе носиме нов закон“, рече Мицкоски.
Првиот човек на Владата изјави и дека во Министерството за правда нема таков закон, за којшто Филипче претходно изјави дека бил изготвен во 2017 година.
Според Филипче, СДСМ сега оди чекор натаму да ја исправи грешката и бара од Владата да усвои нов закон што веќе го имале изготвено.
„Има изготвен нов Кривичен законик во 2017 година од тогашната министерка Десковска. Тој е готов, завршен. Апелирам Владата да го стави на јавна расправа. Тој нов кривичен зкон е направен во координацја со меѓународните институции по теркот на кривичниот законик во Германија. Да се вклучи стручната фела и заедно со консензус да донесеме нов кривичен закон“, рече претходно Филипче.
Прашан од новинарите зошто кога веќе имало нов закон од 2017, не бил донесен, туку се изгласаа лани нови измени со кои застаруваат делата за корумпираните фунционери, Филипче не знаеше да одговори.
Текстот Мицкоски по апелот на Филипче за нов кривичен законик: Што е со делата што застареа, а граѓаните плаќаат милиони отштета е превземен од МАКФАКС.