Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети планината Серта, во близина на општина Неготино, од каде сподели дека пожарот е целосно изгаснат.
Како Влада во периодот што следи, ќе направиме големи структурни реформи во секторот за управување со кризи, но истовремено отпочнавме процедура за носење на законот за пожарникарство со што значително ќе бидат подобрени условите за работа на овие луѓе.
Од мое лично име и од името на Владата, изразувам голема благодарност на луѓето коишто изминативе неколку недели го жртвуваа и својот живот за да се справат со огнената стихија, порача премиерот.
The post Мицкоски од Серта најави структурни реформи во секторот за управување со кризи и Закон за пожарникарство appeared first on Република.