back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаМАКЕДОНИЈАМИЦКОСКИ МУ О...

МИЦКОСКИ МУ ОДГОВОРИ НА АХМЕТИ: Им праќа порака на уставните судии што ги бираа тој во Речица и оние од Бихаќка

Мицкоски не е изненаден од заканите и од вокабуларот на Ахмети, кој изјави дека сите Албанци ќе се кренат на ннозе ако се чепне албанскиот јазик, но, како што рече, е загрижен и тој и меѓународните претставници дека лидерот на ДУИ продолжува да биде фактор на нестабилност.

– Ние се навикнавме на таквите изјави од Али Ахмети – да биде фактор на нестабилност, со воинствена реторика да повикува на немири, нестабилност, но не мислам дека тоа може да предизвика токму тоа што тој го кажува, бидејќи и Албанците и сите граѓани во Македонија се свесни за сето она што го направи тој лично и тие неколкумина околу него изминативе повеќе од 20 години додека беа на власт. Претпоставувам дека пораката се однесува на истите тие уставни судии, кои тој во Речица и оние на Бихаќка ги поставија во Уставниот суд, бидејќи Законот за употреба на јазиците е во Уставен суд. Ако погледнете, таму ќе ги видите луѓето што излегоа од тефтерчето од Мала Речица и од Бихаќска. Така што, притисокот врз тие луѓе продолжува. Се бара некоја преносна структура да се упати пораката, но не мислам дека е тоа нешто сериозно. Како и да е, тој продолжува да биде фактор за нестабилност и тоа мене ме загрижува, а нашите меѓународни партнери ги загрижува тоа што Али Ахмети и ДУИ на дневна основа стануваат сè повеќе и повеќе фактор на нестабилност – рече Мицкоски.

Премиерот го отфрла обвинувањето дека тој ѝ се заканува на опозицијата и дека ги помешал функциите.

– Не би рекол дека јас се заканувам, но да, треба да се загрижат политичките криминалци што во изминативе години и децении беа дел од власта – рече Мицкоски.

Според премиерот, ДУИ реагира на неговата изјава дека обвинители кога ќе треба да реализираат акција против криминалци што биле дел од поранешната власт, тогаш добиваат стомачни вируси, температура или настинка.

– Поентата е дека дента таа работа треба да се заврши и претпоставувам дека овие се вознемирени, оти тие се навикнати на глава да им седат на обвинителите и нормално е дека упатуваат такви пораки. Инаку, јас не се заканувам, тоа не е дел од мојот карактер – вели премиерот.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари