Македонскиот премиер Христијан Мицкоски од денеска е во дводневна посета на соседна Србија.
Како што информираа од Владата, тој ќе има тет-а-тет средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и со неговиот српски колега, Милош Вучевиќ.
Мицкоски ќе присуствува и на третиот меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“, а дел од македонската делегација на Саемот се и Љупчо Димовски заменик-претседател на Владата за политички систем, Иван Стоилковиќ заменик-претседател на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Игор Јанушев генерален секретар на Владата, Зоран Љутков министер за култура и туризам, Цветан Трипуновски министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Горан Минчев, министер за јавна администрација и Максим Димитриевски градоначалник на Општина Куманово.
Мицкоски ќе се обрати на отварањето на Саемот, а вечерва во хотелот Хајат во свечената сала ќе се одржи и македонска вечер каде ќе се обрати, како и македонскиот амбасадор во Србија, Никола Тупанчевски.
The post Мицкоски во посета на Србија: Со кој ќе се сретне и кој оди со него appeared first on еМагазин.