back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаМАКЕДОНИЈАМицкоски бара...

Мицкоски бара од Филипче да расчисти со неговите советнички тимови

Пинекогаш се чудам на изјавите од опоззицијата. Имам чувство дека некој како намерно како да го мести новоизбраниот претседател на СДСМ. Од сите комори, стопанствениците и компании стигаат позитивни вести и воодушевувања, само од него слушнавме критика. Немам што повеќе да коментирам, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски откако лидерот на СДСМ, Венко Филипче го критикуваше издавањето на банкарски кредити за стопанството.

Мицкоски го советува Филипче што побрзо да расчисти во неговите советнички тимови и вели дека тоа ќе биде подобро за државата.

Според премиерот, ваквиот тип на пораки се чудни во најмала смисла.

За средбата меѓу лидерот на опозицијата и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, Мицкоски вели дека треба да биде редовна пракса и жали што Филипче во претходните месеци не побарал средба со лидерството на државата. Бара да продолжи ваквата пракса и во иднина.

The post Мицкоски бара од Филипче да расчисти со неговите советнички тимови appeared first on Локално.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари