дома МАКЕДОНИЈА Мицковски: Гр...

Мицковски: Груби, од Македонија треба да побараш прошка, не од Косово

Мицковски: Груби, од Македонија треба да побараш прошка, не од Косово

Поранешниот вицепремиер од редовите на ДУИ, Артан Груби, преку „Фејсбук“ побара прошка од претседателката на Косово Вјоса Османи за случувањата на скопскиот аеродром.

Косово, прости ни! Од газда на куќа во кираџија, од одлучувач до слуга, од горд до ракобакнувач, од достоинствен до без’рбетен, од бел образ до црн образ, од упатен до неук, од храбар до кукавица, од владеење во служење, од победник во губитник, од Европа и Америка до Русија и Србија, од Али Ахмети до Иван Стоилковиќ, напиша тој.

На ова реагира Ивор Мицковски, кој му порача дека од грешно место бара прошка.

Артан Груби бара прошка од Косово.
Од Македонија треба да побараш прошка, за 22 години безочен криминал, уништена држава и поделби, вели Мицковски.

The post Мицковски: Груби, од Македонија треба да побараш прошка, не од Косово appeared first on Република.

Exit mobile version