back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаМАКЕДОНИЈАМисајловски: ...

Мисајловски: Се подготвува нов пакет за помош на Украина

Министерот за одбрана Владо Мисајловски се обрати  на примопредавањето на опрема од Република Турција за Армијата во касарна „Илинден“.
Државава подготвува уште еден пакет за помош кон Украина, рече денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски. Како што појасни тој, земјава, како членка на НАТО има обврска секоја година да двои одредени средства за Украина, но сака да покаже и лојалност кој Алијансата.
„Има дополнителен пакет за помош на Украина. Мислам дека наскоро ќе биде на седница на Влада, иако чекав сите министри да добијат безбедносен сертификат, бидејќи дел од овие информации се со доверлив карактер. Набрзо ќе се пушти таа информација и ќе се обзнани што дополнителна опрема ќе се дава, но важно е овој период да направиме и проценка на сето она што досега сме го дале, што до сега не е направено“, рече Мисајловски.

The post Мисајловски: Се подготвува нов пакет за помош на Украина appeared first on Република.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари