дома СПОРТ Министерот Бо...

Министерот Борко Ристовски одржа брифинг со спортските новинари

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска го одржа првиот неформален брифинг со спортските новинари. Во интерес на презентирање на сѐ она што е сработено во изминатите четири месеци од формирањето на Министерството, она што се работи и што е планирано за во иднина.

Средбата се одржа во пријателска и продуктивна атмосфера, при што беа дискутирани тековните активности и планови на Министерството.

На средбата беше истакната заложбата за транспарентност и отвореност во работата на Министерството. Ова како и важноста на конструктивната соработка со медиумите за промоција на спортот и спортските вредности.

Министерството за спорт и спортските новинари договорија вакви неформални средби да се одржуваат еднаш месечно. Тоа со цел навремено информирање и отворена комуникација за сите активности поврзани со македонскиот спорт.

Министерот Борко Ристовски на средбата истакна дека транспарентноста и промомовирање на вистинските вредности се еден од приоритетите.

The post Министерот Борко Ристовски одржа брифинг со спортските новинари appeared first on .

Exit mobile version