back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine

Мила Рељиќ на ОИ ќе стартува против двократна олимписка шампионка

Македонската преставничка во теаквондо на Олимписките игри во Париз, Мила Рељиќ утре ќе има настап, а денеска беше ждрепката која за неа не беше поволна.

Во првата борба која е закажана за терминот од 12 часот, Рељиќ ќе се бори со Џејд Џонс од Велика Британија.

Британката е трета носителка на олимпискиот турнир, таа има злато од ОИ во 2012 и 2016. Била и Светска шампионка во 2019 година, а на Европските првенства има три трофеи.

„Џејд Џонс е двократна олимписка шампиона, има светски и европски медали, но тоа не ме обесхрабрува, туку ми дава поголем мотив да дојдеме до медал“, порача Рељиќ по ждрепката

 

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари