Мизрахи: Предлог-буџетот за 2025 година е прв реален буџет кој досега сме го имале

    „Мој впечаток е дека граѓаните многу малку знаат за ГДП проценти и компарации, меѓутоа многу добро разбираат што е несигурност, небезбедност, непредвидливост, мртов систем, лага или кражба“, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи на денешната собраниска комисиска седница за финансирање и буџет.

    Таа продолжи и додаде:

    „Кога зборуваме за буџет ќе зборуваме за прв реален буџет кој го имаме. Зошто? Заради тоа што позади ковид пандемијата почнала и друга пандемија, а тоа е коруптивна пандемија“, вели Мизрахи.

    „И ДЗР, но и неформалните средби со директорите од здравствениот систем укажуваат на ваквиот факт. Скриената пандемија граѓаните ја почувствуваа преку пандемијата ковид-19, недостатокот на маски, лекови и модуларните болници“, кажа Мизрахи.

    Pосочи дека корупцијата е дефинирана како злоупотреба на јавните средства за приватни цели.

    „Корупцијата е дефинирана како злоупотреба на јавните ресурси за приватна корист која го задава најголемиот и најтешкиот удар на македонското здравство. Се проценува дека 6% од здравствените распределби се предмет на корупција и тоа е според Транспаренси интернешнал“, укажа Мизрахи.

    Текстот Мизрахи: Предлог-буџетот за 2025 година е прв реален буџет кој досега сме го имале е превземен од МАКФАКС.

    Exit mobile version