back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаМАКЕДОНИЈАМВР: Не е изв...

МВР: Не е извршено приведување на било кого кај црквата Света Петка

Министерството за внатрешни работи, односно Секторот за внатрешни работи Тетово во текот на вчерашниот ден (09.09) постапувајќи по претходна пријава доставена до СВР Тетово од страна на инспектор за урбанизам од општина Врапчиште, направи увид на месноста викана Топли извори (меѓу селата Топлиште и Врапчиште) на локацијата на црквата „Света Петка “, каде што, наводно, според пријавата – се изведувале незаконски градежни работи на црквата.

При увидот полициските службеници разговарале со затекнатите граѓани кои што го чистеле црковниот двор и околината на самиот објект. Притоа не се одземени никакви предмети од затекнатите граѓани, ниту пак е извршено некакво приведување. За настанот е известен надлежен ОЈО, велат од МВР.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари