дома СВЕТ Маск им возвр...

Маск им возврати на „Гардијан“ за повлекувањето од „Х“

Маск им возврати на „Гардијан“ за повлекувањето од „Х“

Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, реагираше на повлекувањето на британскиот весник „Гардијан“ од платформата „X“, наведувајќи дека медиумската компанија е целосно ирелевантна.

„Тие се неважни. Тоа е подла пропагандна машина“, напиша Маск на „X“.

За потсетување, британскиот весник „Гардијан“ објави дека повеќе нема да објавува свои написи и други прилози на „Х“ (Твитер), кој е во сопственост на најбогатиот човек во светот, Илон Маск, наведувајќи дека станува збор за „токсична медиумска платформа “.

„Ова е нешто за што размислуваме веќе некое време, со оглед на често вознемирувачката содржина промовирана или пронајдена на платформата X, вклучувајќи ги и екстремно десничарските теории на заговор и расизмот“, порачаа од „Гардијан“.

Оттаму тврдат дека за време на кампањата за претседателските избори во Соединетите Американски Држави, Маск успеал да го искористи своето влијание и да го обликува политичкиот дискурс.

The post Маск им возврати на „Гардијан“ за повлекувањето од „Х“ appeared first on Локално.

Exit mobile version