Македонската машка ракометна репрезентација, предводена од селекторот Кирил Лазаров денеска на гостински терен во Вилнус ќе го игра вториот натпревар во квалификациите за Европското првенство (ЕП) 2026 во Данска, Шведска и во Норвешка.
Противник ќе ѝбиде незгодната селекција на Литванија. По почетната победа во Скопје над Естонија со 37-33, црвено-жолтите ќе бидат пред многу посериозен предизвик, ако се знае податокот дека Македонија со Литванија досега играла трипати и забележала едно реми и два пораза.
Македонија, досега има осум настапи на ЕП (37 меча, 21 бод, осум победи, пет ремија и 24 порази), а најдобриот пласман е петтото место во Србија во 2012 година.
По бројот на настапи е на 17-то место од 29 селекции што досега учествувале, додека исто така осум пати била дел од СП.
Во групата еден каде е нашиот национален ракометен тим, во вториот меч денес ќе играат Естонија и Словенија . Во првото коло да подсетиме Словенија ја совлада Литванија со 36-25.