back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСПОРТКошаркаМакедонските ...

Македонските кошаркари до 18 години ја победија Босна и Херцеговина

Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години синоќа ја победи Босна и Херцеговина со 99:87 во второто коло на Европското првенство Б-дивизија што се одржува во Скопје.
Ова е втора победа за Македонците во исто толку натпревари на првенство по стартната победа над Ирска.
На вториот досега завршен натпревар од 2. коло во Групата Ц, Украина го победи Кипар со убедливи 93:42.
Македонската селекција е лидер на табелата со максимални две победи, БиХ и Украина имаат биланс 1-1 (победа-пораз), Чешка има 1-0, Кипар 0-2 и Ирска 0-1.

The post Македонските кошаркари до 18 години ја победија Босна и Херцеговина appeared first on Република.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари