Еден сребрен и три бронзени медали освои македонскиот олимписки тим на 17. Светска олимпијада по геонауки IESO2024 што се одржа во Пекинг, Кина. Медалите ги освоија Ивана Атанасовска од Прилеп и Милена Ангелова од Делчево во категоријата на индивидуален тест на знаења, помеѓу 140 ученици од 35 држави од сите континенти. Големи честитки за медалистите Ивана Атанасовска од Прилеп и Милена Ангелова од Делчево. Сребрен медал (Михаела Павловска од Македонска Каменица) и бронзен медал (Атанас Ташковски од Крушево) освоија во категоријата за интернационална тимска презентација.
– Честитки за учениците, нивните родители, наставници, а секако и до Македонското географско друштво (МГД) и неговиот претседател кој придонесе во организација на целиот национален процес од државните натпревари, преку соодветната логистика, помош околу спонзорства и др. Јас, како главен ментор, заедно заедно со колегата ментор Свемир Горин, се потрудивме за тие кратки 2 месеци да ги подготвиме децата најдобро што може, да ги организираме до овде (Кина) и соодветно да ја претставиме нашата Македонија пред 300 ученици, ментори, наставници, професори, истражувачи – вели проф. д-р Ивина Милевски, еден од водачите на тимот.
The post Македонскиот тим со медали се враќа од 17. Светска олимпијада по геонауки во Кина first appeared on УМНО.МК.