Младата репрезентација на Македонија до 21 година во последниот натпревар од септемврискиот циклус квалификации за пласман на Европско првенство 2025 успеа да забележи победа со 2:0 над селекцијата на Гибралтар.
Избраниците на селекторот Драги Канатларовски ја остварија третата победа во рамките на групата Ц од овие квалификации.
И во првиот натпревар помеѓу овие две селекции во Скопје, на националната арена „Тодор Проески” Македонија успеа да забележи победа со минимални 1:0.
Ване Крстевски во 24. минута ја доведува Македонија до предност, по одличното проигрување од Адеми.
Адеми во 42. минута ги поставува конечните 2:0.
Овие три бода делуваат како олеснување, со оглед на тешкиот пораз од 5-0 од Холандија пред три дена во Алмере.
The post Македонија У21 се враќа со три бода од Гибралтар appeared first on Локално.