дома СПОРТ Македонија на...

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

Македонската фудбалска репрезентација со напредок од две позиции на најновата ФИФА ранг листа објавена денеска.

Нашата селекција сега е 67-ма светска фудбалска сила со 1368,96 поени.

Напредокот е благодарение на двете победи во последните два меча од Лигата на нации, против Летонија (1:0) и Фарски Острови (1:0).

На врвот на ФИФА листата без големи промени.

Аргентина е лидер, па следуваат Франција, Шпанија, Англија, Бразил, Португалија, Холандија, Белгија, Италија и Германија.

Текстот Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември е превземен од А1он.

Exit mobile version