Вчера во 14.30 часот во СВР Куманово, 45 – годишен маж пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 200.000 денари. Според пријавеното, претставувајќи се дека е од „агенција за биткоини“, лицето му кажало дека на неговата сметка има биткоини во вредност од 14.500 долари и му побарало да му го даде бројот од неговата трансакциска сметка за да му ги префрли доспеаните парични средства.
Како што е пријавено, за да може да му ги префли парите требало да има 200.000 денари на сметката, а откако пријавителот подигнал брз кредит парите му биле повлечени од сметката, но не добил надомест за биткоините.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Текстот Маж од Куманово измамен за 200.000 денари од лажна „агенција за биткоини“ е превземен од МАКФАКС.