Мадона за својот родеден ќе финансира уметнички проект за млади од 250.000 долари

Мадона за својот родеден ќе финансира уметнички проект за млади од 250.000 долари

Музичката ѕвезда Мадона по повод својот 66-ти роденден, кој ќе го прослави во античкиот римски град Помпеја, кој беше уништен од ерупцијата на Везув, најави дека ќе го финансира уметничкиот проект за млади „Dream of Flying“ (Сон за летање) во износ од 250.000 евра.

За време на обиколката на археолошкиот парк на Помпеја во друштво на директорот на паркот Габриел Цухтригел, американската поп ѕвезда се сретна со група тинејџери кои се вклучени во проектот „Sogno di Volare“, односно „Сон за летање“, пренесе АП.

Како дел од проектот, кој е веќе во својата четврта година, стотици млади уметници изведуваат адаптирани комедии од античкиот грчки комичар Аристофан, почнувајќи од амфитеатарот во Помпеја, а потоа гостувајќи во други италијански театри.

Цухтригел рече дека многу од децата кои учествуваат во овие проекти живеат во сиромашни градови на југот на земјата, каде што има висока стапка на деца кои го напуштаат училиштето и има висока стапка на невработеност.

Тој најави дека претставата, која е дел од проект финансиран од Мадона, ќе биде изведена во Театро Гранде во Помпеја во мај следната година.

Текстот Мадона за својот родеден ќе финансира уметнички проект за млади од 250.000 долари е превземен од А1он.

Exit mobile version