Повеќе од сигурно е дека Далас го гледа Лука Дончиќ како лидер и во наредните сезони, но навивачите на овој НБА клуб ги потресоа шпекулациите дека Словенецот би можел да го напушти тимот за некоја година.
Американските медиуми пишуваат за тоа дека не е невозможно Дончиќ во наредните години да си замине од Далас и да си ја проба среќата во друг НБА клуб, ни помалку ни повеќе ЛА Лејкерс.
Еден од најпопуларните клубови во светот многу би сакал да го види играчот во своите редови, затоа што смета дека словенечкиот репрезентативец е идеален избор да биде лидер и прва ѕвезда на еден од најтрофејните клубови во САД во иднината.
Леброн Џејмс, кој е прв играч на „езерџиите“, се очекува да стави крај на кариерата за две години, па во летото 2026 година овој клуб ќе го даде максимумот за да го доведе Лука Дончиќ. Американскиот новинар Кевин О’Конор во поткастот „The Ringer“ откри дека Дончиќ е на радарот на Лејкерси и дека тој ќе биде прва мета на овој клуб откако Џејмс ќе си замине од тимот бидејќи во Словенецот се гледа најдобро решение за лидер на новата генерација.
Дончиќ со Маверикс има договор уште три години, или ако покаже интерес да го напушти клубот во летото 2026 година, тогаш Далас нема да има друг избор освен да го трејдува и да се обиде да го извлече максимумот од него.