Лукашенко помилува 32 затвореници осудени за екстремизам

    Лукашенко помилува 32 затвореници осудени за екстремизам

    Белорускиот претседател Александар Лукашенко помилува 32 лица што беа во затвор поради екстремизам, пренесе агенцијата „Белта“.

    Меѓу помилуваните има 24 мажи и осум жени, а според белоруската новинска агенција, сите ја признале вината и побарале помилување од претседателот.

    Како што се наведува, 17 помилувани се со хронични заболувања, еден е инвалид, девет се на возраст над 50 години, а 17 имаат деца.

    Текстот Лукашенко помилува 32 затвореници осудени за екстремизам е превземен од МАКФАКС.

    Exit mobile version