Синоќа на железничката линија Скопје-Велес, локомотива од товарен воз се излизгала од шините, а сообраќајот беше стопиран.
Истата е вратена, а сообраќајот денеска е нормализиран, информираа од Македонски железници – Транспорт.
Од таму велат дека штетата била незначителна, а локомотивата по техничката проверка била вратена во сообраќај.
За патниците бил организиран автобуски превоз на релација од Велес до Скопје и обратно.
Инцидентот се случил помеѓу станиците Кадина Река и Зелениково.
Фото: Унсплеш
The post Локомотива од товарен воз се излизгала од шините на линијата Скопје-Велес, вратена е, а сообраќајот е нормализиран appeared first on еМагазин.