Кога ќе се спомене репрезентативната кошарка во Макеоднија, прва асоцијација секако е Литванија. Историскиот успех на мак-баскетот беше токму во оваа балтичка земја во далечната 2011 година.
Тогаш на Европскиот шампионат чиј домаќин беше токму Литванија, репрезентацијата на Македонија го направи најголемиот репрезентативен успех. Победата над Литванија ја одведе Македонија во полуфиналето, а подоцна и до 4.место во конечниот поредок.
Оттогаш изминаа нешто повеќе од 13 години, па сега со носталгија се сеќаваме на тројката на Владо Илиевски.
Но, оттогаш, Македонија настапи на уште две Европски првенства (2013 во Словенија и 2015 во Хрватска). До следното, односно пристојното (2025) Македонија 10 години е без настап на континенталниот шампионат.
Дали токму Литванија ќе биде нашата „отскочна даска“ за ново Евробаскет ќе дознаеме вечерва уште по првиот дуел од двомечот со Литванците. Тој ќе биде вистинска насока во кој правец е мак-баскетот, иако на овој дуел ќе настапиме без најдобрите.
Вечерашниот дуел меѓу Македонија и Литванија ќе почне од 18 часот.
The post Литванците вечно ќе ги боли поразот од Македонија (ВИДЕО) appeared first on .