back to top
1.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСВЕТЛибан: Нема с...

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

Заменик-претседателот на либанскиот парламент, Елиас Бу Саб денеска изјави дека „не остануваат никакви сериозни пречки“ за да се започне со спроведување на американскиот предлог за 60-дневно примирје за прекин на борбите меѓу Израел и либанскиот Хезболах.

Елиас Бу Саб за Ројтерс изјави дека едно од преостанатите прашања е кој ќе го надгледува прекинот на огнот.

Договорено е да се формира комисија составена од пет земји, што значи дека овој тим ќе биде одговорен за следење и надзор на прекинот на огнот, а меѓу нив е и Франција, а со комисијата ќе претседаваат САД.

Текстот Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот е превземен од А1он.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари