Во напад на израелско беспилотно летало во околината на градот Шакра, на југот на Либан, денеска загинаа две лица, а уште три се ранети, меѓу кои и едно дете, соопшти либанската цивилна одбрана.
Спасувачката служба не прецизираше дали загинатите се војници или цивили, пренесува Ројтерс.
Агенцијата соопшти дека ова е прв израелски напад врз Либан кој резултирал со жртви по ракетниот напад во саботата на Голанската висорамнина во кој загинаа најмалку 12 деца и тинејџери, а за кој Тел Авив го обвини Хезболах.
Текстот Либан: Во напад на израелско беспилотно летало има мртви и ранети е превземен од А1он.