дома Наука и Технологија „Леново“ ги п...

„Леново“ ги претстави најновите телефони на преклоп „Моторола Разр 50“

„Леново“ ги претстави најновите телефони на преклоп „Моторола Разр 50“

Kомпанијата „Леново“ во Кина ја претстави серијата „Моторола Разр 50“ телефони на преклопување. Се работи за два моделa – „Разр 50 ултра“ со 4-инчен надворешен екран и „Снепдрагон 8с ген 3“ процесор, како и „Разр 50“ којшто се напојува со процесорот „Дименсити 7300-X“.
Покрај поголемиот надворешен екран, „50 ултра“ има и потенки рабови во споредба со минатогодишниот модел „Разр 40 ултра“. Новиот телефон на преклоп има и „ПОЛЕД“ панел со резолуција од 1.080 пиксели со 100 отсто опсег на бои и освежување на екранот од 1 до 165 Хз. Уредот има главна камера од 50 МП и телефото камера, исто така од 50 МП со 2x оптички зум, користи оперативен систем „Андроид 14“, а се напојува со батерија од 4.000 мАх.
Цената на „50 ултра“ е 730 евра за конфигурација од 12/256 ГБ, и 800 евра за конфигурација 12/512. Достапен е во повеќе бои.
„Моторола Разр 50“ е основниот модел во серијата, којшто има две камери од 32 МП, 50 МП – со оптичка стабилизација на сликата, и додатна задна камера од 13 МП со видно поле од 120 степени.
Телефонот користи батерија со капацитет од 4.200 мАх, којашто поддржува 30 вати жично и 15 вати безжично полнење. Достапен е во три бои. Верзијата со 8/256 ГБ конфигурација чини 475 евра, додека за верзијата со 12 ГБ РАМ и 512 ГБ внатрешна меморија ќе треба да се издвојат 515 евра.
Продажбата во Кина веќе почна, а почетокот на продажбата на светскиот пазар се очекува наскоро.

The post „Леново“ ги претстави најновите телефони на преклоп „Моторола Разр 50“ appeared first on Република.

Exit mobile version