дома СПОРТ Леброн Џејмс ...

Леброн Џејмс го престигна Тим Данкан по број на победи во НБА

Леброн Џејмс го престигна Тим Данкан по број на победи во НБА

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс ноќеска со трипл-дабл ефект (16 поени, 10 скока и 11 асистенции) го предводеше својот тим до гостинска победа над Сан Антонио со 119:101.

По оваа победа, Леброн го надмина Тим Данкан и се искачи на второто место во победи во НБА вклучувајќи ги и плејофот.

Ѕвездата на Лејкерси стигна до 1.159 победи.

Првото место му припаѓа на Карим Абдул-Џабар со 1228, односно 69 повеќе од Џејмс.

Exit mobile version